Девојка покажала лажна телесна трансформација: „Не наседнувајте на сè она што го гледате на интернет“

Точка

09/04/2021

16:00

3.202

Големина на фонт

а а а

„Никогаш немојте да дозволите тоа што го гледате на социјалните мрежи да го доведе во прашање вашиот напредок и вашето напорно вежбање. Единствено што треба да правите е да се споредувате со самите себе“, изјавила Џорџија Кокс.

Таа вели дека ѝ здодеало да ги гледа сите тие моќни објави на „совршени тела“ по социјалните мрежи, „лажните трансформации“ со кои што им се наметнуваат само комплекси на другите луѓе.

Личниот тренер Џорџија Кокс во видеото прикажува како може да ги трансформирате облините, да делувате послабо и поубаво без употреба на филтери во само десет секунди. Сè е до позата, осветлувањето, местото на кое се фотографирате, облеката...

Погледнете како изгледа:

„Не наседнувајте на сè она што го гледате. Кога јас почнав да одам во теретана, следев мноштво од фитнес профили поради нивните неверојатни трансформации. Верував во сè  што зборуваа затоа што фотографиите не ме лажеа. Искрено, долги години верував дека таквите преобразби се реални и секогаш имаат врска со одреден производ“, раскажала таа.

„Позирање, местото на кое се фотографирате, осветлувањето и облеката, сето тоа придонесува на неверојатната промена на обликот на вашето тело на фотографијата“, додала таа.

Таа вели дека срцето ѝ се крши поради младите девојки кои веруваат во сè што им се сервира на социјалните мрежи.

„Никогаш немојте да си дозволите тоа што ќе го видите на интернет да го доведе во прашање вашиот напредок, вашето напорно вежбање и работата со вашето тело. Вашиот напредок треба да биде само ваш и единствено самите со себе треба да се споредувате. Не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното“, нагласила таа, пренесува „The Sun“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг