Девојката која зборуваше на инаугурацијата на Бајден влезе во историјата на „Vogue“

Точка

09/04/2021

16:53

2.195

Големина на фонт

а а а

Аманда Горман, која привлече внимание со својот настап на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е првата поетеса која ќе ја краси насловната страница на мајското издание на магазинот „Vogue“.

Оваа 23-годишна дипломирана харвардска студентка, на насловната страница носи облека со потпис од Луј Витон. Станува збор за фустан кој е стилизиран за фотографирање и има широк, богато украсен појас околу нејзината половина.

Живописната ткаенина е инспирирана од африканската облека и е дизајнирана од Виргил Аблох, првиот афроамерикански уметнички директор на Луј Витон.

„Прва поетеса на насловната страница на Вог. Бескрајно сум благодарна и не очекувам да бидам последна, бидејќи, што е поезијата, ако не е убавина?“, напишала Горман во објавата на Инстаграм.

Горман се прослави во јануари, по трогателното читање на нејзината песна „The Hill We Climb“, на инаугурацијата на Џо Бајден.

После тој настап, Горман потпишала договор со агенцијата за модели „IMG“, се појавила на насловни страници и имала неколку јавни настапи, меѓу кои и оној на панелот за Меѓународниот ден на жената, со поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и супермоделот Криси Тиген.

Во септември, младата поетеса ќе објави две книги - збирка од нејзината поезија „The Hill We Climb and Other Poems“ и детската сликовница „Change Sings: A Children's Anthem“. И двете веќе се наоѓаат на листата на најпродавани на Амазон.

Таа за новинарот на „CNN“, Андерсон Купер, ијавила дека од инаугурацијата има своја мантра, која ја повторува пред секое читање.

„Јас сум ќерка на афроамерикански писатели, потомец на борци за слобода кои кршеа синџири и го променија светот. Тие ми се јавуваат“, рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг