Почина “DMX”: Познатиот рапер ја загуби битката после срцевиот удар

Точка

09/04/2021

20:23

2.820

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Ерл Симонс, попознат како “DMX” почина денеска на своја 50 годишна возраст.

Минатата седмица светските медиуми пренесоа дека раперот се предозирал со недозволени супстанци, по што добил срцев удар. Следувале бројни здравствени проблеми, а после операцијата славниот рапер падна во кома, при што не беа забележани опоравувања кога станува збор за мозочните активности.

Како што пренесува „АП“, Симонс имал уште еден силен срцев удар по што денеска починал во болницата во Њујорк.

„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан “DMX” почина на 50-годишна возраст во болница, опкружен со неговото семејство. Беше приклучен на апарати за одржување во живот веќе неколку дена“, соопштија од неговото семејство.

“DMX” уште од своето детство боледувал од астма, а претходно бил хоспитализиран поради други здравствени проблеми, како и поради зависност од крек. Во февруари 2016-та година беше хоспитализиран откако падна во несвест на паркинг, а подоцна изјави дека тоа било поради астмата.

Израсна во Њујорк, а во 1992-ра година потпиша договор со дискографската куќа “Columbia Records”. Во 1998-ма година го објави дебитантскиот албум “It’s Dark and Hell is Hot”, а негов најуспешен албум беше “…And Then There Was X”. Едни од неговите најголеми хитови се “Party up (Up In Here)” и “X Gon’ Give It to Ya”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг