Сите 'бисери' на принцот Филип по кои светот ќе го памети

Точка

09/04/2021

21:34

7.433

Големина на фонт

а а а

Сопругот на британската кралица, принцот Филип, војводата од Единбург кој денеска почина на 99-годишна возраст, ќе остане запаметен во јавноста по лапсусите и гафовите кои ги направи за време не официјалните посети.

Агенцијата „Франс прес“ направила ретроспектива на најголемите гафови и политички некоректни вицови на Филип. Принцот во 1984-та година во Кенија, додека една жена му подарувала цвеќе, рекол: „Ви благодарам, госпоѓо. Вие сте жена, зарем не?“.

„Би ме уапсиле да имам патент како на овој фустан“, се пошегувал во 2012-та година принцот со еден полицаец, додека поминувала млада русокоса во предизвикувачки фустан.

Принцот растажил милиони домаќинки во 1966-та година кога јавно рекол дека 'Британките не знаат да готват'.

„Изгледате како да се подготвувате за во кревет“, му рекол принцот во 2003-та година на претседателот на Нигерија, кој носел традиционална носија.

После концертот на Том Џонс, во 1969-та година, Филип му честитал на пејачот, но со прашањето: „Со што ја испирате устата? Со камења?“.

За време на една вечера во Рим во 2000-та година, италијанскиот премиер Џулијано Амато му понудил италијанско вино на принцот, кој одговорил: „Нека ми донесат пиво. Не ми е грижа од каде е, само нека биде пиво“.

„Зарем вие го возите овој одвратен автомобил? Често го гледав како оди кон дворецот Виндзор“, му рекол Филип во 2001-ва година на пејачот Елтон Џон.


„Не останувајте долго овде, бидејќи ќе завршите со закосени очи“, им препорачал Филип на британските студенти во 1986-та година за време на посета во Кина.

Филип во една афроамериканска танцова група, во 2009-та година, рекол: „Вие сите сте од исто семејство?“.

За време на рецесијата во 1981-ва година, Филип на вработените им рекол: „Не разбирам ништо. Прво сакате да имате повеќе слободно време, а сега се буните дека немате работа“.

„Колку луѓе од утрово измамивте со овој трик“, прашал Филип еден човек во инвалидска количка.

Филип во посета на една установа за деца со инвалидитет, оркестар на млади кои се глуви, во Велс во 1999-та година рекол: „Не е ни чудно што се глуви кога слушаат толку гласно музика“.

Принцот на едно дете од 13 години кое сонувало да стане астронаут, му рекол: „Многу си дебел, не би можел да бидеш астронаут“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг