Даде 60 поени и замина во историјата: На денешен ден Коби го одигра мечот од соништата и го растажи светот со 2 збора

Супермен

13/04/2021

17:40

2.188

Големина на фонт

а а а

Коби Брајант во НБА влезе како штотуку завршен средношколец за кого Лос Анџелес Лејкерс го даде Владе Дивац.

Многумина тогаш мислеа дека тоа е очаен потег, но со оглед дека на почетокот на наредната сезона како слободен играч од Орландо пристигна Шекил О’Нил, се утврди дека Лејкерс навистина направи династија.

Коби Брајант остана 20 години во овој НБА клуб, а за тоа време освои 5 титули, еднаш беше МВП на регуларниот дел од првенството, а два пати МВП на финалето.

18 пати играше на Ол-Стар натпреварите, а Лејкерс на крајот ги повлече двата броја кои тој ги носеше – 8 и 24. А и си замина со стил!

На денешен ден, 13 април, пред точно 5 години, Коби Брајант го одигра својот последен натпревар во кариерата. Тие играа со Јута Џез, а неговата партија ги чинеше Џезерите плеј-оф. Неверојатниот „Мамба“ даде 60 поени и погоди шут за победа.

Доколку Јута ги совладаше Лејкерс, ќе завршеше на осмото место на Западот наместо Хјустон, но Коби не дозволи неговото последно шоу да го украде било кој.

„Го предизвикав да постигне 50 поени. Проклетникот даде 60“, изјавил Шекил по натпреварот.

Брајант имаше дури 50 шутеви на овој натпревар, а очите на целиот свет беа свртени кон него. На крајот, тој ги растажи сите со само два збора: „Mamba Out“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk