Принцот Филип и животните навики: Велат дека доживеал длабока старост благодарение на доручекот во 8:30, а ова биле неговите дневни рутини

Супермен

14/04/2021

13:31

7.988

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, принцот Филип ја доживеа длабоката старост благодарение на редовните животни навики, а многумина мислат дека доручекот му бил клучен.

Принцот Филип секое утро доручкувал во 8 и 30 часот и за тоа време слушал радио. Никогаш не ја кршел оваа дневна рутина и така ги поминал и последните денови од животот.

Принцот Филип 73 години бил во брак со кралицата Елизабета Втора и се смета дека тоа е најдолгиот кралски брак во историјата на Британија.


Принцот секое утро седел на истата маса, го служеле истите слуги и го јадел истото јадење.

Доручкувал овесна каша, а неа ја чувале во пластични кутии. На масата секогаш имало два вида мармалад, како и шише со јаворов сируп. Потоа пиел јогурт и јадел една чинија со свежо овошје.

Кога времето било облачно доручкувале во кралските одаи на првиот спрат каде што собите имаат поглед кон Бакингемската градина. Во текот на доручекот разговарале за обврските кои што ги чекаат.


Принцот со кралицата, кога имале многу обврски, повторно се среќавал во 17 часот кога пиеле чај. Кралицата јадела сендвичи, а принцот колач.

Кога немале официјална вечера и гости, кралицата и принцот се облекувале поопуштено.

Филип многу сакал да пие пиво, а помалку вино, а уживал и во скара која што сам ја подготвувал.

Кога во 2011 година наполнил 90 години, Филип ги намалил обврските и годишно прифаќал само 330 официјални појавувања, а кралицата имала по 370.


За 95-от роденден одлучил да прифати само по 219 обврски, но без патување во странство.

Во мај 2017 година, се повлекол од јавноста, но никогаш не престанал да ја следи кралицата Елизабета Втора на настаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk