Марадона на неа потрошил 1,5 милион долари: Русокосата Росио го завела легендарниот фудбалер, а тој ѝ купувал сè што ќе посака

Супермен

14/04/2021

14:54

2.604

Големина на фонт

а а а

Сè уште не стивнува „бурата“ околу смртта на Диего Армандо Марадона и неговиот имот. Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, повторно излезе во јавноста со нови податоци кои се однесуваат на трошоците на славниот Аргентинец во претходните 7 години.

Тој од 2014 година до смртта потрошил над 4 и пол милиони долари на поранешните сопруги, девојки и ќерки.

Најмногу пари му „зела“ поранешата сопруга Росио Олива на која преку подароци ѝ дал дури 1,5 милион долари.


Една од неговите многубројни девојки, Вероника Оједа, добила 900.000 долари преку авионски патувања, подароци, мобилни телефони и разни сметки кои тој ги плаќал.


Првата сопруга на славниот Аргентинец, Клаудија Виљафање, исто така добила 900.000 долари, а ќерките Далма и Џанина инкасирале 550 односно 500.000 долари преку својот татко.


Хуманиот Марадона не можел да ја одбие ниту помошта за мајката на Росио Олива за чие лекување платил дури 350.000 долари.

А еве како изгледа русокосата Росио на која Диего потрошил најмногу пари:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk