Патиките кои Канје Вест ги носеше пред 13 години се продаваат по вртоглава цена

Супермен

14/04/2021

17:28

1.854

Големина на фонт

а а а

Раперот Канје Вест во 2008 година настапи на Греми наградите во црни патики кои дотогаш не беа видени – станува збор за неговите први дизајнирани обувки „Nike Air Yeezy 1“ кои подоцна се развија во модното царство „Yeezy“.

Аукциската куќа „Sotheby’s“ објави дека споменатите патики ќе се најдат на аукција, а се проценуваат на повеќе од еден милион долари.

„Nike Air Yeezy“ и „Air Yeezy II“ сè уште се едни од најпосакуваните патики за колекционери. Направени исклучиво за Канје, „Air Yeezy“ претставуваа новитет затоа што се дизајнирани за уметници, а не за спортисти. Тие го отворија патот кон многу денешни уметнички соработки“, се наведува во изјавата на аукциската куќа.


Овие обувки го лансираа Вест во самиот врв на модната сцена, а компанијата „Yeezy“ само во изминатата година остварила 1,7 милијарди долари приход. Првично „Yeezy“ соработуваше со „Nike“, потоа со „Adidas“, а сега се шпекулира дека ќе ги здружи силите со „GAP“.

„Nike Air Yeezy 1“ се продаваат по пат на колекционерот Рајан Ченг, но пред продажбата ќе бидат јавно изложени во Конгресниот и изложбен центар во Хонг Конг од 16 до 21 април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk