Точка ТВ: Запознајте ги 5-те најголеми гении во човештвото – нивниот IQ бил двојно поголем од просечниот

Точка

20/04/2021

15:45

8.403

Големина на фонт

а а а

Мозокот навистина е една од најголемите мистерии во човековото тело. Иако просечната интелигенција се движи во распон од 90 до 110, сепак некои луѓе низ историјата биле двојно поинтелигентни.

5 луѓе кои имале двојно поголема интелигенција од нормалната:

1. Вилијам Џејмс Сидис


Роден во Америка во 1898 година и се смета за човекот со најголем коефициент на интелигенција во историјата. Имал натпросечни способности во математиката и лингвистиката, а подоцна ја избегнувал математиката. Веќе на 11 години тргнал на факултет на Харвард, а неговиот коефициент на интелигенција бил 250.

2. Теренс Тао


Коефициентот на интелигенција на овој математичар со австралиско-американско потекло се движел меѓу 220 и 230. На факултет тргнал кога имал само 9 години, а на 20 станал доктор на науки во Пристон. До својата 24-та година објавил дури 230 научни трудови.

3. Кристофер Хирата


Кога имал само 13 години освоил златен медал за физика на Меѓународна олимпијада. На 22 години ја добил титулата доктор на науки, денес работи во NASA на проект чија мисија е да го истражува животот на Марс. Има коефициент на интелигенција 225.

4. Ким Унг Јонг


Има коефициент на интелигенција 210, прозборел на шестмесечна возраст, а на три години знаел да чита текстови на три јазици: јапонски, англиски и германски. На осум години му се јавиле од NASA и го повикале да студира во САД, а кога имал само 14 години на телевизија решавал сложени математички задачи.

5. Гари Каспаров


Него не треба особено да го претставуваме, но треба да се каже дека овој шаховски гениј имал коефициент на интелигенција 190. На 22 години станал најмладиот шаховски првак на светот. Откако го напуштил шахот, се посветил на политиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk