Миро Кацаров за Точка ТВ: „Животот на познатите во Македонија е катастрофа - дно дна“

Точка

23/04/2021

22:01

8.386

Големина на фонт

а а а

Мирослав Миро Кацаров - име кое најверојатно веднаш го поврзувате со естрадниот магазин „Бекстејџ“, е наш овонеделен гостин.

35-годишниот Кацаров, после долгогодишната работа во „Бекстејџ“, започна своја емисија на Канал 5 телевизија, која го носи името „Голден Карпет“.

Миро е препознатлив по тоа што работите ги кажува онака како што ги мисли, или како велат повозрасните - 'што на ум, то на друм', па така, пред објективот на Точка зборуваше за многу работи кои се случуваат позади камерите, а за кои досега не зборувал.

Водителот на „Голден карпет“ нѝ откри што е она што го има во неговата емисија, а го немало во естрадниот магазин од кој долги години беше дел.

Многу прашања и уште повеќе одговори, спакувани во 6-минутно видео интервју со Миро Кацаров.

Дознаваме со што најлесно го освојуваат девојките, кога последен пат плачел, најголемата лудост што ја слушнал за себе....

Се сеќавате ли на периодот кога Миа Костова и Кацаров заедно го водеа естрадниот магазин „Бекстејџ“? А, дали се сеќавате дека неговата поранешна девојка му направи проблем додека емисијата се емитуваше во живо?

Деталите од оваа случка, и многу повеќе од тоа, дознајте од видеото.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk