Не е само нејзината убавина, туку... Причината поради која младата актерка го маѓепсала познатиот заводник е „безобразна“

Супермен

29/04/2021

13:53

3.515

Големина на фонт

а а а

Сакал да ја запознае младата и убава актерка, но откако ја видел во одредени сцени во хит серијата „Bridgerton“ во која што таа ја толкува главната улога.

Пред неколку денови првпат заедно биле фотографирани комичарот Пит Дејвидсон и сè попопуларната Фиби Диневор.

Уште откако се појавија информациите за нивната врска, тие привлекуваат големо внимание во јавноста, а сега една личност блиска до Пит открила што всушност го привлекло актерот кај оваа жена.


Имено, тој се заинтересирал за актерката откако ја видел сцената во која таа води љубов во хит серијата:

„Веднаш му се допадна и 'падна' на неа“, раскажал извор за „Mirror“.

„Таа е целосно негов тип на жена. Изгледа младо, невино и е преубава. Сите се шегувавме со него околу провокативната сцена со сексот и тој призна дека и нему му биле секси тие сцени. Ја изгледал цела серија и се чувствувал дека судбина е да ја запознае Фиби“, изјавил изворот.


Инаку, Дејвидсон и пред Фиби се забавувал со познати убавици.

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, ја раскинала романсата со комичарот по три месеци забавување.

Дејвидсон во врската со младата Каја запловил веднаш откако ја раскинал врската со актерката Кејт Бекинсејл која што минатата година ја заинтригира јавноста поради тоа што таа е постара од него 20 години.


Дејвидсон бил верен со Аријана Гранде која што му го посветила и хитот „Thank U, Next“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk