Peugeot 208 е најпопуларниот автомобил во Европа

Точка

29/04/2021

19:26

5.890

Големина на фонт

а а а

Податоците до кои дојде порталот focus2move укажуваат на тоа дека франуцскиот хечбек бил најпродаваниот автомобил на Стариот континент во првото тромесечие од 2021-ва година.

Информациите се добиени од 44 европски земји и врз основа на нив, споменатиот медиум тврди дека Peugeot 208 е најпродаваниот модел во Европа во првиот квартал од оваа година. За овој автомобил се одлучиле 54,870 купувачи, што е за 18,8% повеќе во однос на минатата година.

Веднаш зад Peugeot 208 се наоѓа Volkswagen Golf со 52,456 испорачани модели и пад на продажбата од 22,3%. Подиумот го заокружи уште еден француски претставник – станува збор за Renault Clio со 50,849 продадени примероци и пад од 11,1% во однос на претходната година.


Топ 10-те најпродавани модели во првиот квартал од оваа година ги заокружуваат Toyota Yaris (49,155), Citroen C3 (45,437), Peugeot 2008 (45,338), Volkswagen Tiguan (43,144), Dacia Sandero (42,934), Skoda Oktavia (42,694) и Fiat Panda (42,045).

Од ова може да се заклучи дека Stellantis групацијата доминира на листата со четири модели, а следува Volkswagen со 3 модели меѓу 10-те најпродавани во првиот квартал од 2021-ва година во Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг