Вака зборуваше Шон Конери: „Постои една важна разлика помеѓу мене и Бонд. Тој знае како да ги реши проблемите!“

Супермен

04/05/2021

10:17

1.327

Големина на фонт

а а а

Беше 2003 година кога легендарниот Шон Конери одлучи да оди во пензија, да се пресели на Бахамите и да живее анонимно, заедно со сопругата. Деновите му проаѓаа во играње голф и уживање во бракот со партнерката.

Во август 2020 година, Конери наполни 90 години, а почина во октомври истата година. Неговата вдовица тогаш изјави дека деменцијата го нарушила здравјето на славниот актер.

„Барем почина во сон и многу мирно. Бев постојано со него и тој едноставно само замина на начин на кој што сакаше“.


Денеска се потсетуваме на некои од највпечатливите цитати на Шон Конери и неговите животни правила:

„Мојот живот е мешавина од случајности и среќа. Кога започна војната, имав 9 години. Живеевме во Единбург во потполна сиромаштија. Започнав да работам кога имав 12 години, за година подоцна да го напуштам училиштето. Тешко може да се каже дека стекнав било какво образование. До сè доаѓав благодарение на својот ум. Поради тоа, кога сум во друштво на интелектуалци, јас се чувствувам како мало дете“.

„Мајка ми никогаш не ме прегрнала ниту бакнала. Никогаш не сум ни помислил дека тоа би можело да има сериозни последици во животот. Но, тоа многу објаснува, зарем не?“.


„Дали некој може да ми објасни зошто жените се опседнати со чевли? Пред многу години добив неколку пара чевли на снимање на еден филм - и сè уште ги носам“.

„Постои една важна разлика помеѓу мене и Бонд. Тој знае како да ги реши проблемите!“.

„Никогаш не се жалам и кукам. Неизмерно ги почитувам сите кои професионално си ја работат работата, без разлика дали е столар, техничар за светло или помошник директор. Секој кој работел со мене може да го потврди тоа. Доколку на луѓето не им се допаѓаше тоа што го правам, сега би бил дете кое испорачува млеко. И никогаш не го заборавам тоа“.

„Отсекогаш сум сакал да бидам старец со добро лице - како Хичкок или Пикасо“.


„Ја запознав сопругата додека играв голф. Таа е Французинка и тогаш не зборуваше англиски, а јас не зборував француски, така што немавме многу шанси да се измориме еден со друг со разговори. Поради тоа и брзо се венчавме“.

„Ги сакам жените. Не ги разбирам, но ги сакам“.

„Гестот во момент може да пренесе повеќе милиони дијалози. За разлика од повеќето актери кои не сакаат кога режисерите ќе ги исфрлат нивните реплики, јас своите ги уништував со својата сила. Кога Спилберг прифати 9 од 10 мои идеи за тоа како да го замени дијалогот со визуелна интеракција во „Indiana Jones and the Last Crusade“, тоа беше најдоброт комплимент на светот“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk