Актерот толку многу се сменил што многумина заборавија на него – погледнете за кого станува збор

Супермен

04/05/2021

13:17

3.160

Големина на фонт

а а а

Џери О'Конел е заборавен актер од комедиите, а тој сега е многу посветен на своето семејство - сопругата Ребека Ромијн со која што има ќерки близначки Доли Ребека и Чарли Тамара.

Џери е познат по улогите во хит драмата „Jerry Maguire“, како и улогите во многубројни комедии кои што не оствариле толку голем успех, а меѓу нив и „Klokan Jack“.

47-годишниот актер во понеделникот наутро привлекол големо внимание во текот на трчањето во калифорнискиот град Калабасас.

Џери покажал дека е во одлична форма, но ретко кој го препознал.

О'Конел носел кратки панталони, а во еден од џебовите носел и шише со вода.


Тој носел и патики и капа, а повремено ги ставал на очите и очилата за сонце.

Но, очигледно дека му било многу жешко така што актерот не носел маица и го покажал своето прекрасно торзо.

Тој бил малку непрепознатлив со капата на глава и подолгата коса, па треба малку подобро да се загледате во него за да сфатите дека тоа е познатиот актер.


Како што пренесуваат странските медиуми, О'Конел се подготвува за премиерата на втората сезона на анимираната серија „Star Trek: Lower Decks“ која што треба да биде прикажана подоцна оваа година.

Инаку, актерот од 2007 година е во брак со Ребека (48), а се запознале 10 години претходно. Ги имаат 11-годишните близначки Доли Ребека и Чарли Тамара.

Џери често споделува фотографии од своите ќерки на социјалната мрежа Инстаграм, додека пак ретко ги покажува приватните моменти со својата сопруга, но поради тоа таа го надополнува тоа на својот Инстаграм профил.


Актерот редовно ги смее своите следбеници со шегите на сметка на своите деца, а тоа неодамна му успеало повторно.

Имено, тој објавил фотографија од ќерките на која што има и кучиња, па кучињата го „покрил“ на главата со емотикон со срце:

„Сакам да споделувам фотографии од нашите бебиња, но морам да го заштитам нивниот идентитет“, се пошегувал О'Конел кој што годинава со својата сопруга ќе ја прослави 14-годишнината од брак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk