Пристигна новата Škoda Fabia!

Точка

05/05/2021

19:52

7.622

Големина на фонт

а а а

Чешкиот производител ја претстави новата, четврта генерација на популарната Fabia чија почетна цена ќе изнесува 14 илјади евра.

Новата Fabia има поагресиивен дизајн од претходната генерација, а исто така може да се пофали и со поголема пространост во кабината и најнови технологии. Автомобилот порасна на 4,108 милиметри, што значи дека е подолг за 111 мм од претходната генерација, додека меѓуосовинското растојание е зголемено за 94 мм и сега изнесува 2,564 мм.

Интересно е тоа што багажниот простор на Fabia порасна за 50 литри. Со своите 380 литри, иако Fabia е за класа помал автомобил, сега има иста големина на багаж како Volkswagen Golf.


На купувачите ќе им бидат достапни две нови нијанси на боја на каросеријата – Orange Sunset и Graphite Grey, а во поскапите верзии, новата Fabia ќе биде достапна и во двобојна варијанта.

Внатрешноста е целосно дигитализирана во споредба со претходната генерација, на купувачите на располагање им е двозонска клима, греење на воланот, ветробранско стакло со греач, ЛЕД амбиентално светло и централни вентилациски отвори за патниците кои седат позади.


Новата Fabia ја дели моторизацијата со сродните модели од VW групацијата. Основната верзија пристигнува со 3-цилиндарски 1.0 атмосферски мотор кој се нуди со 65 или 80 коњски сили, како и 93 Nm максимален вртежен момент.

Галерија: Пристигна новата Škoda Fabia!


Понудата продолжува со 1.0-литарскиот турбо-бензинец со 95 коњски сили и 173 Nm максимален вртежен момент, потоа следува и помоќната варијанта на истиот мотор со 110 коњски сили и 200 Nm максимален вртежен момент, која доаѓа во комбинација со мануелен или 7-степенски DSG менувач со двојно квачило.

Во врвот на понудата е 4-цилиндарскиот 1,5 TSI мотор кој испорачува 150 коњски сили и 250 Nm максимален вртежен момент.


Fabia уште во својата трета генерација остана без дизел мотор во понудата, а ист е случајот и со најновата генерација. Интересно е тоа што чешкиот производител нема предвидено електрификација на новата генерација, па не треба да се очекува ниту хибриден погон.

Датумот на почетокот на продажбата на четвртата генерација и официјалната цена ќе бидат соопштени дополнително.




Спонзорирани линкови

Маркетинг