Безос уште побогат: Ги продаде акциите од „Amazon“, па заработи нови милијарди

Супермен

06/05/2021

16:06

3.412

Големина на фонт

а а а

Основачот на компанијата „Amazon“ и извршен директор во заминување - Џеф Безос, ги продаде акциите на таа компанија вредни 2,5 милијарди долари.

Безос продал околу 739.000 акции по цени кои што се движат од 3,274 до 3,458 долари по акција.

При пресметување на данокот, Безос ќе заработи 1.9 милијадри долари.

Инаку, богатството на Безос „тежи“ околу 192,6 милијарди долари, што значи дека тој останува на позицијата на најбогат човек на светот, пред основачот на „Tesla“, Илон Маск.


Овие трансакции воедно се и првата продажба на акции на „Amazon“ за оваа година. Безос минатата година продаде повеќе од 10 милијарди долари во акции во три серии - во август, ноември и февруари.

Продажбата на акциите на Безос е дел од однапред одредениот план за продажба на акции на компанијата.

Безос и натаму има близу 52,5 милиони акции во „Amazon“ и сопственик е на повеќе од 10 отсто од компанијата која што е примарниот извор на неговото богатство.

Тој за новинарите во 2017 година изјави дека во текот на една година продал акции вредни милијарда долари за да ја доведе до банкрот компанијата за истражување на вселената „Blue Origin“ која што сам ја создаде.


Не е јасно дали продажбата од оваа седмица е наменета за финансирање на фирмата „Blue Origin“ или пак парите ќе се инвестираат во Фондот за Земјата која што се бори со климатските промени.

Безос би бил уште побогат да не се разведеше од Мекензи Скот која што доби 4 отсто од уделот во „Amazon“ и стана една од најбогатите жени на светот и најважен филантроп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk