Миленикот на жените влезе во 7-та деценија: Актерот велеше дека никогаш нема повторно да се ожени, а потоа ја запозна неа

Супермен

07/05/2021

10:20

2.525

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клуни вчера (6 мај) го прослави својот 60-ти роденден, а се наближува и неговата седма годишнина со сопругата Амал, британска адвокатка за човекови права.

Клуни во една прилика изјавил дека таа во целост му го променила животот.

Пред по втор пат да се впушти во брачните води, актерот честопати ја добиваше титулата на „најпосакуван ерген во Холивуд“. Неговите девојки се менуваа многу брзо, а се започна со несреќниот прв брак и развод во 1993 година.

Негова прва сопруга му беше телевизиската актерка Талија Балсам, а парот се венчаше во 1989 година, кога таа веќе имаше успешна кариера во Холивуд, додека тој една година претходно глумеше во филмот кој го оценуваа како „толку лош што е добар“ - „Return of the Killer Tomatoes“. Накратко, Клуни се мачеше со својата кариера.


Тоа влијаело и на нивниот брак: и двајцата признаа дека не биле спремни за заеднички живот и дека нивните желби се разликувале. Џорџ сакал да стане ѕвезда, а Талија сакала да има нормален живот. Разводот, во текот на кој се бореа за старателство над прасето кое го чуваа како домашен миленик, на крајот траеше подолго од нивниот брак.

Кариерата на Клуни тргна кон нагорна линија со серијата „ER“ во текот на 90-те, а во 1999 година одлучи да се фокусира на филмови и во 2001 година се појави во „Ocean's Eleven“.

Додека професионално постигнуваше успех по успех, неговиот приватен живот и врските со многу манекенки станаа омилена тема на таблоидите. Повеќето од тие врски беа краткотрајни и траеја максимум 3 години.

Својата идна сопруга Амал ја запознал преку заеднички пријател, кога Клуни организирал вечера во својата куќа на езерото Комо.

„Веднаш забележав дека е прекрасна, духовита и паметна“, изјавил подоцна актерот и се пошегувал дека таа веројатно мислела дека тој е престар.


Набрзо по таа вечера започнале да зборуваат и да се допишуваат и со текот на времето станало јасно дека таа врска не е стриктно пријателска. На прв официјален состанок излегоа во 2013 година во Лондон, каде ги дочекаа бројни папараци.

„По Лондон, нашата врска ескалираше“, признал Клуни кој набрзо започнал да планира запросување.

Напролет следната година, Џорџ ѝ приготвил романтична вечера на Амал и ја прашал дали сака да се венча со него. Адвокатката била во шок по тоа прашање кое Џорџ го поставил заедно со 7-каратен прстен вреден 750.000 долари.

„Веројатно клечев 20 минути додека чекав да каже 'да'“, раскажал актерот за својата веридба.

Парот застана пред олтарот во октомври 2014 година во Венеција. Нивната венчавка траела неколку дена и сите гости биле повикани на прослава во Париз.


Благодарение на професијата на Амал и борбата за човекови права, во 2016 година парот ја основаше Фондацијата за правда на Клуни (Clooney Foundation For Justice) и се занимава со активизам. Наскоро открија и дека очекуваат близнаци, Ела и Александер. Парот одлучи својот приватен живот да го задржи за себе, па затоа ретко се појавуваат со децата во јавност.

Клуни ја прекршил својата заклетва дека никогаш нема да се ожени, но не изгледа дека жали поради тоа.

„Запознав некого за кој би го дал својот живот. Нејзиниот вреди повеќе од мојот, што никогаш не сум го искусил претходно“, заљубено изјавил Клуни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk