„Експлозивни страсти“ на фотографиите од најубавата Италијанка и најпосакуваниот маж – таа е без грам шминка на лицето и изгледа неверојатно

Супермен

07/05/2021

12:05

5.287

Големина на фонт

а а а

Италијанската водителка Дилета Леота важи за најубавата спортска новинарка на светот, а дека оваа титула не ја добила попусто докажуваат и неодамнешните папарацо фотографии на кои што оваа русокоса разменува нежности со момчето Џан Јаман.

На фотографиите се гледа како Дилета и познатиот турски актер и манекен за кој што тврдат дека е најпосакуван на свет, се насмеани и заљубени и уживаат на езерото Комо.

Италијанските медиуми пишуваат дека „страста меѓу нив експлодирала“, но истакнуваат и дека 29-годишната девојка е многу убава, иако на неа нема ниту грам шминка.

И навистина, невозможно е да не забележите колку Леота блеска и како и на папарацо фотографиите изгледа неверојатно, баш како на фотографиите кои што ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм каде што ја следат речиси 8 милиони луѓе.

Инаку, овие фотографии се доказ дека љубовната врска на Дилета и Џан е совршена, иако постоеја шпекулации дека ставиле точка на нивниот однос.

Имено, еден италијански магазин објави нејзини приватни фотографии на кои што разменува нежности со потпретседателот на Рома, Рајан Фридкин. Но, набрзо беше констатирано дека фотографиите датираат од минатата година.

Исто така се пишуваше дека Дилета имала афера и со Златан Ибрахимовиќ, а таа тоа го демантираше.

Да ве потсетиме, оваа спортска новинарка ги пренесува натпреварите од Серија А, а на таа позиција стигна откако нејзините скандалозни фотографии протекоа во јавноста во 2016 година.

Инаку, интересно е и потеклото на Џан:

„Мојот дедо живееше во Приштина каде што се родил. Мојата баба е од Скопје. Но, никогаш не сум бил таму, не го познавам ниту тој јазик. Моите родители се родени во Истанбул, баш како и јас“, прокоментирал актерот во една прилика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk