Кога возач без искуство ќе застане зад воланот на моќно Ферари...

Точка

08/05/2021

15:30

10.691

Големина на фонт

а а а

Моделот 488 Pista на италијанскиот производител со своите 720 коњски сили се покажа како преголем залак за овој возач.

Наглото додавање на гас резултираше со губење на контролата над моќниот автомобил, по што Ферарито излета од автопатот во Холандија. Како што пренесуваат локалните медиуми, автомобилот бил стар само еден ден.

Да потсетиме, 488 Pista дебитираше на саемот на автомобили во Женева во март 2018-та година. За погонот е задолжен 3,9-литарски twin-turbo V8 мотор со 720 коњски сили и 770 Nm максимален вртежен момент.

Според фабричките податоци, овој автомобил од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,85 секунди, од 0 до 200 километри на час за импресивни 7,6 секунди, додека максималната брзина изнесува околу 340 километри на час.

Еден ваков автомобил чини околу 300 илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг