Извајана Колумбијка за која зборува цел свет: Кога ќе видите како изгледа фитнес инструкторката, сè ќе ви биде јасно!

Супермен

08/05/2021

19:24

7.427

Големина на фонт

а а а

Кога природата ќе ви подари совршен изглед, она што вам ви преостанува е да го чувате и одржувате.

Свесна за тоа е Колумбијката Росана Кордоба, фитнес инструкторка, која секојдневно на социјалните мрежи шири позитивна енергија и споделува многу корисни совети.

Од анонимна убавица до личност за која зборува цел свет, Росана поминала долг пат, но насмевката никогаш не ја симнала од лицето. Би било штета и да го направи тоа, бидејќи навистина е неверојатна за гледање.

Пред осум години одлучила од Колумбија да се пресели во САД, но навикнувањето на новиот живот баш не ѝ одел од рака. Сè додека не одлучила да го освои светот.

Таа е магистер по право, но тоа некако не ѝ одговарало на личноста, па се посветила на вежбање и својата фигура ја довела до совршенство. Вежба буквално секој ден и како што вели, ужива во тоа.

Води сметка и за исхраната, а главна цел ѝ е да ги мотивира луѓето да најдат рамнотежа во исхраната. Еден од важните совети е дека е потребно 80 отсто од времето да се храниме здраво и одвреме навреме да каснеме и некоја брза храна која ја обожаваме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk