Парите не значат и среќа во љубовта: Како сопругите на тројцата најбогати луѓе на светот ги „олеснија“ за 116 милијарди долари?

Супермен

10/05/2021

20:34

3.165

Големина на фонт

а а а

Велат дека „парите вртат каде што бургијата не може“, меѓутоа, иако ова правило е воглавно точно кога станува збор за другите работи, кога се работи за љубовта, сепак важи онаа старата – „парите не значат нужно и среќа“.

Овие тројца милионери можеби се интелигентни за работа, но кога станува збор за емоциите се како сите останати луѓе на светот. Единственото нешто е што нивните разводи изнесуваат повеќе милиони долари.

Илон Маск

Еден од основачите на „Tesla“ и извршен директор, Илон Маск, во 2008 година се разведе од Џастин Вилсон по 8 години брак и 5 деца.

Денес е вториот најбогат човек на светот, „тежок“ дури 151 милијарда долари. Меѓутоа, неговата поранешна сопруга при разводот се откажала од сè и буквално останала без ништо.

Меѓутоа, кармата жестоко му се одмаздила на Маск – по само 6 недели по разводот, тој се вери со актерката Талула Рајли со која подоцна двапати се разведе. Од бракот, таа излезе побогата за 16 милијарди долари, доволно за да не мора да работи ништо до крајот на животот. Се надеваме дека неговата нова девојка, пејачката Грајмс, нема дополнително да го „олесни“.


Џеф Безос

Во 2019 година, сопственикот на „Amazon“ – Џеф Безос се разведе од сопругата Мекензи. Овој развод е прогласен за најскап на светот, а иако во текот на парницата изгуби поприлично голема сума на пари, денес е „тежок“ вртоглави 177 милијарди долари.

Од друга страна ниту сопругата не остана со празни раце – напротив! Мекензи доби 35 милијарди долари во акции на „Amazon“ и со тоа стана една од трите најбогати жени на светот.


Бил Гејтс

Американскиот милијардер и основач на „Microsoft“, Бил Гејтс, неодамна откри дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак. Бидејќи никогаш не потпишале предбрачен договор, се шпекулира дека парот ќе го преполови богатството од 130 милијарди долари.

Добар дел секако ќе донираат во хуманитарни цели, додека секое од трите деца ќе наследи по 10 милиони долари.


Трите сопруги ги „олесниле“ своите некогашни сопрузи богаташи за 116 милијарди долари, а уште сега е јасно дека Гејтс ќе го симне Безос од тронот на „најоштетени“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk