Фејсбук воведува ново правило: Секојпат пред да споделите некој линк, ќе го добивате овој потсетник

Супермен

11/05/2021

14:54

2.662

Големина на фонт

а а а

Фејсбук воведува ново правило кое би требало да помогне во борбата против ширење на дезинформации, но за некои корисници тоа е првиот чекор кон цензура на најголемата социјална мрежа.

Стаува збор за прозорче кое ќе се појави ако корисникот одлучи автоматски да сподели некаков линк без да го отвори. Ваквиот новитет моментално е во фаза на тестирање на ограничен број корисници, но се очекува наскоро да бидат вклучени сите.

Целта е, како што тврдат од Фејсбук, да им се помогне на корисниците на оваа социјална мрежа да бидат подобро информирани. Засега новото правило ќе опфати само 6 отсто од корисниците на Фејсбук на Андроид.

Фејсбук по пат на Твитер порача дека нивното ново правило промовира „поинформирано споделување на новинарски написи“.

„Ако одлучите да споделите лик на информативен напис кој не сте го ни отвориле, ќе ви покажеме порака во која ќе ве поттикнеме да го отворите и прочитате написот пред да го споделите со другите“, велат од Фејсбук.

Прозорчето кое се појавува содржи порака која гласи: „Ќе го споделите овој напис без да го отворите. Споделувањето на написи без да ги прочитате може да значи и пропуштање на клучни факти“, а под пораката се наоѓаат две опции – „отвори го написот“ и „продолжи со споделување“.


Реакциите на ваквата објава на Твитер засега се позитивни, а некои од корисниците сугерирале Фејсбук да вклучи и слично правило за коментирање на објавите на оваа социјална мрежа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk