Ѓорѓе Балашевиќ денеска би го славел 68-от роденден: Тагата за панонскиот морнар не стивнува...

Точка

11/05/2021

17:06

3.031

Големина на фонт

а а а

Славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ја загуби животната битка на 19-ти февруари, а со своето заминување ги остави неутешното семејство, многу пријатели, соработници, но и граѓаните кои пораснале, плачеле и уживале во неговите песни.

По навршувањето на 40 дена од смртта на уметникот, подигнат бил и спомени, а денеска, на 11-ти април, Балашевиќ би наполнил 68 години.


За повеќе од четири децении од својата работа, Ѓорѓе издал вкупно 12 албуми, а инспирација за речиси сè што напишал била неговата животна сопатничка, Оливера Балашевиќ, на која ѝ посветил многу песни, почнувајќи од оние со кои ја освоил уште кога биле студенти, па преку оние од армијата, а потоа и оние што се појавија за време на разни животни борби.


Балашевиќ е погребан на 21-ви февруари во најголема тишина на Новите гробишта во Нови Сад, а до вечното почивалиште го испратиле сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекса. Инаку, овој ден е прогласен за Ден на жалост поради смртта на Панонскиот морнар.


Обожавателите на ликот и делото на Балашевиќ запалиле свеќи, оставиле плишани играчки на Плоштадот Слобода во родниот град на кантавторот. Покрај свеќи и цвеќиња, на секој агол имало и мали плишани зајчиња кои биле верни придружници на Ѓорѓе на концертите и неговата посебна врска со публиката никого не оставала рамнодушен.


Истата тажна слика била и покрај неговиот двор кој со денови беше преплавен со цвеќиња, проштални пораки. Граѓаните кои расплакани си заминувале, до неговата капија палеле свеќи, а потоа со наведнати глави и во тишина ја напуштале улицата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг