Пех за „Светците“, но и за „Азурите“ – Верати е повреден!

Макфакс

11/05/2021

17:16

1.836

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот од средниот ред на француски ПСЖ – Италијанецот Марко Верати ќе го пропушти остатокот од сезоната во Лига 1 поради повреда на десното колено, соопштија денеска од таборот на „Светците“.

Фудбалскиот репрезентативец на Италија поради повредата ќе биде надвор од терените 4 до 6 недели и најверојатно нема да може да биде во составот на „Азурите“ на ЕП што започнува за еден месец.

Верати повредата ја заработил на тренинг минатата неделаи поради тоа го пропушти мечот со Рен во неделата кој заврши со резултат 1-1.

На две кола до крајот на првенството, ПСЖ заостанува 3 бода зад лидерот Лил, а утре избраниците на Маурисио Покетино играат полуфинале во францускиот Куп против Монпелје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг