Полукружно вртење на автопат? Кинезите имаат решение

Супермен

11/05/2021

18:33

4.445

Големина на фонт

а а а

Полукружното вртење на автопат по правило е невозможно – освен во вакви ситуации.

Ви се случило ли некогаш да го промашите излезот на автопат и да мора да поминете дополнителни десетици километри за да дојдете до следниот излез и да ја исправите грешката?

Во случај на возачот да му се случи нешто такво на овој импозантен кинески автопат кој е подигнат над тлото, веројатно на исправување на грешката би потрошил многу време.

Кина е огромна држава со разновидна конфигурација на земјиштето, која многу често ги става градежниците на големи маки. Тоа е особено воочливо во изградбата на автопати кои во последните години драстично ја менуваат земјата. Импресивните градежни потфати, како овој во провинцијата Гуиџо, не се реткост. Станува збор за планинско подрачје на кое поголем дел од автопатот е над земјата.

Има толку малку место што понекогаш е невозможно или прескапо да се направи исклучување од автопатот. Во таквите случаи, се прават специфични клучки како оваа, каде можете да направите полукружно вртење за да го промените правецот на движење и да се упатите во правец кој има изградено исклучување од автопат кон одредено место.

На овој специфичен полукружен свиок се вози со 40 км/ч., а станува збор за една од најимпресивните патни инфраструктури изградени во поново време.

Инаку Кина има моментално мрежа од автопатишта долга дури 150.000 километри, а годишно гради околу 10.000 километри нови патишта.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk