Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, прописно се изнервирал во текот на првиот натпревар на Мастерсот во Рим.
Пред крајот на вториот сет од денешниот меч против Американецот Тејлор Фриц, Ѓоковиќ влегол во жестока расправа со судијата.
Новак се бунел бидејќи сметал дека дождот, кој постојано паѓал со послаб или посилен интензитет, во тој момент не дозволувал дуелот да продолжи и го прашал судијата уште колку долго сака да се игра, по што судијата му одговорил дека мора да го провери теренот.
„Три пати побарав да провериш, но ти не проверуваш ништо“, викал Новак.
Djokovic-Fritz Capítulo 2 "How much do you wanna play ? I asked you three times, you are not checking anything" pic.twitter.com/Mxo66S4sMn
— TenisRF (@TenisRF) May 11, 2021
Vía @tennis_gifs
Судијата само констатирал дека тоа не се случило ниту еднаш, а по разговорот со тенисерот натпреварот бил прекинат, за теренот да се доведе во состојба која овозможува завршување на мечот.
Инаку натпреварите на земја можат да се играат и на дожд сè додека теренот не е премногу мокар и линиите јасно се гледаат.