Том Круз наводно ги вратил своите три Златни глобуси, а се знае и зошто

Точка

11/05/2021

19:47

4.900

Големина на фонт

а а а

Актерот се приклучил на акцијата на бројни актери и компании.

Том Круз, како што пренесуваат некои американски медиуми, ги вратил своите три награди Златен глобус, поради негодувањето против Холивудското здружение на странски медиуми (HFPA).

Според извештаите од "Deadline" од понеделникот, холивудскиот суперстар ги вратил трите награди кои организацијата му ги доделила поради неуспехот во реформите во недостатокот на различности.


Том Круз освоил Златен глобус за најдобар актер за филмовите "Џери Мегваер" од 1997-ма година, "Роден на 4-ти јули" од 1990-та година, како и за најдобра машка споредна улога за филмот "Магнолија" од 2000-та година.

Том Круз е последен на растечката листа на актери и компании, вклучувајќи ги и "Нетфикс", "Амазон" и "НБЦ", кои протестираат против Холивудското здружение на странски медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг