Разочараниот Бускетс ја отпиша Барса од битката за титулата: Добивме резиме за цела сезона во 90 минути

Дерби

12/05/2021

10:26

1.278

Големина на фонт

а а а

Серхио Бускетс се жртвуваше за тимот и одигра цели 90 минути со маска на лицето откако добие незгоден удар во главата на дербито со Атлетико, но неговиот професионален пристап немаше доволно голема корист за Барселона, бидејќи каталонскиот гигант по се изгледа се самоотпиша од битката за титулата во Примера.

Барса испушти победа на гостувањето во Валенсија и не искористи предност од 0:2 против Леванте, тим кој на крајот се избори за херојско реми од 3:3 со кое и математички го обезбеди опстанокот во шпанската елита на две кола пред крајот.

Од друга страна, Барселона пропушти нова шанса да избие на врвот пред натпреварите на двата мадридски ривали, но новиот кикс го става тимот во доста неповолна ситуација пред самата завршница и последните два меча.

– Импресиите се навистина многу лоши. Целта беше да победиме и да направиме притисок врз двата тима кои се пред нас, но не го направивме тоа и сега реалноста вели дека работите се многу тешки за нас. Титулата во Ла Лига е речиси завршена за нас, се оди против нас после овој резултат, треба да бидеме искрени.

– За жал, овој натпревар е резиме на цела наша сезона, по некоја лоша грешка и веднаш примаме гол, многу лесно примаме голови. Направивме премногу грешки во текот на цела сезона. Влеговме во завршницата од сезоната во добра форма и со позитивен дух, надокнадивме многу бодови, но на последните натпревари се вративме на старо. Се започна против Гранада и не можеме да се опоравиме. Математички не сме „мртви“, зависи од тоа што ќе направат ривалите, но реално гледано, имаме премалку шанси за титулата, останаа уште многу малку бодови во игра, – изјави разочараниот Бускетс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг