Адријано: Нема да ја заборавам реакцијата на Морати кога 44 роднини од Бразил дојдоа во Милано

Дерби

12/05/2021

10:57

2.734

Големина на фонт

а а а

Адријано фудбалски израсна и се разви во родниот Бразил, но во исповедта која ја имаше за „The Players Tribune“, незаборавниот напаѓач ја раскажа своајта фудаблска приказна и нагласи дека Интер е клубот кој посебно останал во неговото срце, а претседателот Морати е човекот за кого никогаш нема да каже лош збор.

Бразилецот во Милано го доби прекарот „Император“ поради неверојатната моќ која ја демонстрираше на фудаблскиот терен и фудбалските фановите на Интер се уште со огромно задоволство се сеќаваат на неговите спектакуларни партии, кои за жал беа прерано прекинати поради огромната семејна трагедија која го снајде Адријано, а по која тој веќе не беше истиот човек.

– Во период од девет дена, ми се сврте светот. Од најсреќен човек на светот, стигнав до најлошиот ден во животот. Од рајот отидов во пеколот. На 25-ти јули 2004-та дадов гол против Аргентина за победа, на 4-ти август почина мојот татко. Не сакам да зборувам за тоа, но после тој ден, мојата љубов кон фудбалот не беше иста. Татко ми го сакаше фудбалот, па и јас го засакав со него. Моја судбина беше да го следам него, кога играв фудбал, играв за моето семејство, кога давав гол, давав за моето семејство. Кога татко ми почина, фудбалот веќе не беше ист.

– Бев далеку од дома, почнав да пијам, станав депресивен и не сакав да тренирам. Немаше ништо лошо од Интер, сакав само да си одам дома. Потоа, ја скинав ахиловата тетива и знаев дека е крајот. Никогаш не бев ист, мојата експлозивност ја снема. Едноставно е, имам една дупка во душата и една во ногата, – вели Адријано кој раскажа и една неверојатна приказна од најдобрите денови во Интер.

– Интер е мојот клуб. Ги сакам Фламенго, Сао Пауло, Коринтијанс, но Интер има специјално место кај мене. Момче од фавела како мене беше наречено „Император“. Немав направено ништо посебно, а сите ме третираа како крал, беше навистина лудо уште од почетокот. Се сеќавам дека еднаш дојде да ме посети цело семејство од Рио. Кога велам семејство, велам семејство, не само моите најблиски. Семејство во бразилски стил. Не зборувам само за мајка ми и татко ми, зборувам за 44 луѓе. Братучеди, тетки, чичковци, сите мои луѓе, целото соседство се качи на авион. Веста стигна и до претседателот, легендарниот Морати. Тој ангажираше автобус за моето семејство и организираше тура за нив. Можете ли да замислите 44 Бразилци во Италија, тоа беше неверојатна сцена, навистина се забавувавме. Поради ова, никогаш нема да кажам лош збор за Морати, секој клуб треба да работи како што работеше Интер под водство на Морати, – потенцира Адријано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг