Својот живот во кралското семејство, принцот Хари го опишал како комбинација на „The Truman Show“ и зоолошка градина.
Принцот Хари гостувал во популaрниот подкаст „Armchair Expert“ чиј водител е холивудскиот актер Декс во коешто открил досега непознати детали од животот.
Животот во кралското семејство го опишал како оној на главниот лик од познатиот филм „The Truman Show“ кого камерите го следат од раѓање...
„Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме средба во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познававме, си испраќавме пораки еден на друг. Луѓето ме набљудуваа, ми упатуваа чудни погледи, доаѓаа до мене да ме поздрават. На главата имав капа, гледав во подот и се обидував да бидам незабележан“, изјавил пинцот Хари.
Хари признал и дека имал чувство дека никогаш нема да се вклопи во кралското семејство и дека често се чувствувал беспомошно:
„Тоа е работа, зарем не? Насмевката на лице и продолжувате понатаму. Имав околу 20 години кога размислував дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го работам тоа. Погледнете што ѝ направи тоа на мојата мајка. Кога некогаш ќе имам свое семејство и ќе бидам мирен, доколку знам дека тоа истото повторно ќе се случи“, изјавил Хари признавајќи дека тогаш имал и психичка криза поради тоа што не ја преболел смртта на својата мајка.
„Видов како изгледа тоа зад кулисот, знаев дека целата работа функционира и не сакав да бидам дел од тоа“, изјавил Хари.
Во 2014 година тој го започнал спортскиот настан „Invictus Games“ и сфатил дека помагајќи им на другите си помага и себеси.
Хари исто така открил дека Меган го поттикнала да продолжи со добивање помош од психотерапевт поради тоа што постојано бил лут.
„Кога почнав да одам на терапија ми изгледаше како балонот да пукнал. Ја извлеков главата од песок и сфатив дека сум на привилегирана положба, дека треба да престанам да се жалам и да престанам да размислувам дека сакам нешто друго. Сфатив дека морам да ги променам работите поради тоа што нема да можам да продолжам така. Се запрашав како да ги направам работите поразлични, како да ја направам мајка ми горда и да ја искористам платформата за да направам реални промени“, изјавил Хари.
Во интервјуто Хари го спомнал и својот татко, принцот Чарлс, велејќи дека „пател поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета“.
Тој изјавил дека принцот од Велс кон него се однесувал како што неговите рдители го воспитале, а тоа го нарекол „генетска болка“.
„Не треба никого да обвинувам, ниту пак да покажувам со прст кон некој, но кога станува збор за родителство, доколку доживеав некој вид на болка или пак патење поради болката која ја претрпел мојот татко или моите родители, јас ќе се погрижам да го прекинам тој циклус така што тој нема да се пренесува натаму“, изјавил тој.