Пристигна нова криптовалута: За само неколку дена вредноста стигна до 45 милијарди долари

Супермен

14/05/2021

15:14

5.440

Големина на фонт

а а а

Дигиталниот токен којшто беше покренат во понеделникот и го носи името „Интернет Компјутер“ (Internet Computer), веќе е една од најголемите криптовалути на светот.

Пазарната вредност на оваа криптовалута е околу 45 милијарди долари, пренесува српски „Блиц“.

Тоа го прави осми по големина меѓу дигиталните средства на ранг листата од топ 10 на „CoinMarketCap“.


Според пишувањето на „Bloomberg“, токенот и со него поврзаниот регистер треба да му помогнат на било кој - програмерите на софтвери или пак на креаторите на содржините, да објавуваат сè што ќе посакаат на интернет, без потреба на поминување низ дигиталните „џинови“ како што се „Amazon“ и „Facebook“ или пак да користат сервери/клауд комерцијални услуги.

Идејата е да се избегнат простори оградени од корпорации и да се намалат трошоците, вели Доминик Вилијамс, основач на проектот. Корисниците потенцијално би можеле да изградат социјални медиуми и други услуги кои се натпреваруваат со постоечките интернет титани.


Мрежата на паричките користи „паметни договори“ и софтверски програми кои ги извршуваат задачите, натпреварувајќи се со слични ривали.

Дебито на компанијата „Интернет Компјутер“ се случува додека секаде низ светот се расправа за криптовалутите во распон од биткоин до доџкоин, а нивните цени постојано се во раст.

Вкупната пазарна вредност на овие криптовалути сега изнесува 2,48 билиони долари, во споредба со помалата вредност од 1 билион од почетокот на годината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk