УЕФА ја објави официјалната химна за ЕУРО 2020 – „We Are The People“

Супермен

14/05/2021

17:19

2.771

Големина на фонт

а а а

На нешто помалку од еден месец пред почетокот на Европското фудбалско првенство, УЕФА ја објави официјалната химна наречена „We Are The People“.

На песната на легендарниот холандски диџеј и продуцент, Мартин Гарикс, гостуваат Боно и „The Edge“.

„Создавањето музика за еден од најголемите спортски настани на светот заедно со Боно и „The Edge“ беше неверојатно искуство“, изјавил Гарикс за порталот на УЕФА.

„Многу сум горд на она што го работевме и возбуден сум што конечно го споделивме со светот“, додал холандскиот диџеј.

„We Are The People“ слави заедништво

Песната ја слави главната тема на ЕУРО 2020 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во последно време, а со нагласок на посебноста на овој турнир кој за првпат се игра ширум цела Европа.

„Фудбалот и музиката имаат моќ да ги обединат луѓето. Тие се вектори на страста и чувствата, а нивното комбинирање ќе го продлабочи понатамошното прославување на турнирот, како и достигнување на нова публика. Со ѕвездената постава која ја обединивме за да создадеме официјална музика за турнирот, сигурни сме дека го правиме токму ова“, нагласил маркетинг директорот на УЕФА, Гај-Лорен Епстајн.


Европското првенство започнува на 11-ти јуни

Европското првенство ќе се одржува ширум Европа од 11-ти јуни до 11-ти јули, а ќе се игра во 11 градови. Првенството започнува на стадионот Олимпико во Рим со средбата помеѓу Италија и Турција, а финалето ќе се игра на лондонскиот стадион Вембли на 11-ти јули 2021 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk