Популарноста на електричните автомобили расте: Volkswagen ја презема лидерската улога во Европа

Точка

28/05/2021

19:40

8.942

Големина на фонт

а а а

Според податоците на Jato Dynamics, во текот на претходниот месец во земјите на ЕУ се продадени повеќе од 150 илјади батериски автомобили.

Од тие 150 илјади, 71,800 се целосно електрични возила, додека остатокот отпаѓа на plug-in хибридните возила. Кога станува збор за plug-in хибридните возила, најпопуларен е Ford Kuga со 4,171 продадени примероци.


Следува Volvo XC40 со 3,798 испораки, а подиумот го комплетираше Peugeot 3008 со 3,507 примероци.


Но, кога станува збор за целосно електричните автомобили, тука доминира Volkswagen. Германската компанија продаде 7,335 примероци на ID.4, а на второто место се најде ID.3 со 5,735 продадени примероци. На третото место се најде Renault Zoe со 4,015 продадени примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг