Хрватскиот „Nevera“ „летал“ 230 км/ч. на Јадранската магистрала, се огласија од компанијата

Точка

03/06/2021

15:00

12.908

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Редит вчера се појави видео од „Rimac Nevera“ како вози со 230 километри на час на Јадранската магистрала кај Дубровник.

Овој автомобил вчера пристигнал во Дубровник поради одржување на тест возења. На снимката може да се воочат автомобили кои возат во спротивната лента, што значи дека во текот на снименото возење магистралата не била затворена за сообраќај, што наиде на критики од страна на јавноста.

По тој повод, се огласија од компанијата:

„Сите гости во текот на возењето на јавен пат мора да ги почитуваат сообраќајните правила. Без исклучок. Имаат прилика да го пробаат автомобилот на јавен пат и во сообраќај за да го тестираат однесувањето на возилото во секојдневните ситуации, додека тестирањето на поголеми брзини се прави на патеки и писти наменети за тоа“, велат од „Rimac“.

За потсетување, „Nevera“ на „Rimac Automobili“ е најмоќен и најбрз електричен автомобил на светот. На пистата во Земуник, „Nevera“ минатата недела постигна време од 8,6 секунди на 402 метри, што е светски рекорд за сериски автомобил. Токму тоа е она за кое Мате Римац сонувал кога започнал да се занимава со електрични автомобили.


„Тоа е тоа. Ова е автомобил за кој сонував кога пред 10 години тргнав на ова „невозможно“ патување. Целата наша напорна работа резултираше со „Nevera“ - хиперавтомобил кој соборува рекорди. Овој автомобил е создаден да надмине се и да го подигне нивото и стандардите за автомобили со високи перформанси. Кога за првпат го претставивме „C-Two“, поставивме исклучително високи цели. Но, од почетокот баравме начини како да ги надминеме“, вели 32-годишниот Римац.




Спонзорирани линкови

Маркетинг