Австралиската полиција објави видео кое ќе ве натера двапати да размислите пред да ја пристигнете педалата за гас

Точка

07/06/2021

20:28

5.158

Големина на фонт

а а а

Со првите топли денови на патиштата доаѓаат и бројните мотоциклисти, а со тоа расте и бројот на сообраќајни несреќи.

Во дел од нив се виновни и останатите учесници во сообраќајот, особено возачите на помоќни возила кои понекогаш ја одземаат предноста, не земајќи го во предвид фактот дека возачот на мотоцикл е заштитен само со брзината на реакцијата и кацигата. Но, тоа понекогаш не е доволно.

Постојат и невнимателни мотоциклисти, склони кон опасни маневри и драстични пречекорувања на брзината. Со голема брзина тие често возат низ градските улици и се ставаат во исклучително опасни ситуации кои понекогаш завршуваат со сообраќајни несреќи и стравични последици.

Една таква прикажува и снимката во продолжение, објавена од страна на полицијата во Јужна Австралија. Мотоциклистот на места вози и над 265 километри на час, претекнува сè што ќе стигне и потоа во еден момент се наоѓа во безизлезна ситуација. Со брзина од околу 150 километри на час, тој налетал на стационарно возило. Од силата на ударот тешко настрадал, а преживеал само благодарение на другите возачи кои го одржувале во живот, слушајќи ги упатствата на Итната служба. Мотоциклистот бил 2 месеци во кома, а денес има трајни оштетувања на мозокот и до крајот на животот ќе зависи од семејството и нивната грижа.

Видеото е објавено како дел од иницијативата за воведување на закон кој драстично би ги казнувал екстремните прекршители на брзината. Предлог е сите кои возат 155 километри на час во зона каде е дозволено до 60, односно 80 километри на час, да останат без возачка дозвола минимум 2 години, а казните би стигнувале и до 5 години затвор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk