Паркинг место продадено за рекордни 1,3 милиони долари...

Точка

12/06/2021

13:20

8.936

Големина на фонт

а а а

Хонгконг е едно од најгусто населените градски подрачја во светот, па возачите на автомобили тешко наоѓаат место за паркирање.

Неодамна едно паркинг место во областа Маунт Николсон, каде се наоѓа една од највредните недвижности во Азија било продадено за 10 милиони хонгконшки долари (1,3 милиони американски долари).


Паркинг местото се наоѓа во станбена зграда која има поглед кон пристаништето Викторија и едно е од 29-те продадени во рамките на тендерот кој минатиот месец им бил понуден на сопствениците на станбената единица, пренесува „South China Morning Post“.

Инаку, ова е нов рекорд за Хонгконг чие претходно најскапо паркинг место било продадено во 2019 година во деловна зграда, а чинело 980.000 американски долари.


Станбените единици во објектот во областа Маунт Николсон вредат меѓу 400 и 600 милиони хонгконшки долари (51-77 милиони американски долари), така што дополнителни милион долари за паркинг место „и не е некоја голема сума“ за сопствениците...




Спонзорирани линкови

Маркетинг