Точка ТВ: „Исландски диносаурус“ – необична формација и туристичка атракција која љубоморно ја чуваат птиците

Точка

15/06/2021

13:10

5.441

Големина на фонт

а а а

Необична формација на карпа нa северозападниот дел од Исланд носи многубројни прекари, меѓу кои се и оние на диносаурус, змеј, слон, носорог... На што најмногу ве потсетува вас?

На северозападниот дел од Исланд, недалеку од полуостровот Ватнснес, се наоѓа Хвитсеркур - популарно наречен и „Исландски диносаурус“.

Станува збор за формација од базалтни карпи со висина од 15 метри и необичен облик, со две дупки на дното поради кои потсетува на диносаурус (или змеј) кој како да пие вода.

Хвитсеркур на исландски јазик значи „бела кошула“, а ова необично име се должи и на птиците кои се гнездат на неа - белите морски птици од родот Fulmarus, како и бројните галеби.

Имено, на природната карпа се наоѓа и наталожен измет од птиците поради што таа изгледа шарено.

Темелите на формацијата се зацврстени со бетон, за истата да се заштити од ерозија и брановите од водата.


Овој дел на Исланд не е густо населен, а градот кој најблиску се наоѓа до формацијата има околу 50.000 жители.

Жителите од локалните рурални населби се многу љубезни и подготвени се да ги угостат туристите.

Во близина на Хвитсеркур се наоѓа и една од најголемите колонии на фоки во Исланд. Богатата фауна ова место го прави автохтоно, а тука се морските птици, како и сините и златно-жолтите медузи кои плимата ги носи на крајбрежјето.


Најдобро време да ја посетите оваа скриена туристичка дестинација е од половината на месец септември до половината на месец април.

Во тој период ноќите во Исланд се мрачни, па може да уживате и во спектакуларната поларна светлина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk