Еден од најубавите актери на планетата ужива во љубовта со 12 години постарата колешкa: „Знаев дека еден ден ќе биде моја“

Супермен

16/06/2021

12:16

6.675

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на филмот „Аквамен“, како и серијата „Игра на тронови“ - Џејсон Момоа, ја „гази“ петтата деценија од животот, а поради тоа што ја доби титулата за најсексапилен маж на светот, многу од жените наведуваат дека така изгледа совршен маж.

Меѓутоа, тој е во брак со поранешната сопруга на Лени Кравиц, Лиса Бонет, а во едно интервју открил дека во неа бил заљубен уште кога бил момче.

Иако се во брак од 2017 година, во врска се веќе 14 години.


Интересно е тоа што Лиса од Џејсон е постара 12 години.

Момоа (41) во едно интервју открил дека во Лиса (53) се заљубил на осум години кога ја гледал во една серија и знаел дека еден ден ќе ја освои.

„Уште како осумгодишно дете знаев дека ќе биде моја. Беше кралица. Отсекогаш сакав да ја запознаам. Заклучив дека ќе појдам и до крајот на светот само за да ја освојам. Секако дека тоа не ѝ го кажам веднаш“, изјавил Момоа, пренесува „Еonline“.


Тој исто така истакнал дека тоа ѝ го признал кога добиле деца. Парот има две деца, ќерката Лола и синот Нако.

Лиса Бонет од бракот со легендарниот пејач Лени има ќерка - Зои Кравиц која е позната актерка.

Момоа е познат и како активист за заштита на животната средина. Роден е на Хаваите, а пораснал во Ајова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk