Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја освои 19-та Гренд слем титула, а во таа прилика му го подари рекетот со кој играше на едно дете кое постојано го бодреше од трибините.
Како што призна и самиот тенисер, детето му давало сила по 0:2 да направи пресврт во финалниот меч против Гркот Стефанос Циципас.
Светот го обиколи и видеото од реакцијата на детето кое останало во шок откако добило ваков спомен, а 3 дена по епското финале во 5 сетови се појавија и првите проценки.
Кен Голдин, извршен директор на „Goldin Auction“ проценува дека рекетот уште сега вреди помеѓу 25.000 и 35.000 долари.
Езра Левин, директорката на платформата „Collectible“ која се занимава со спортски реквизити, смета дека рекетот е уште поскап и дека неговата цена може да стигне дури и до 50.000 долари.
Со овој рекет, Ѓоковиќ им се доближи на Рафаел Надал и Рожер Федерер, па неговата вредност (симболички и материјално) може само да расте.