Научниците кои го истражуваат коронавирусот имаат добра вест: Имунитетот на Ковид-19 може да биде долготраен?

Точка

21/06/2021

12:02

6.204

Големина на фонт

а а а

Утврдувањето на траењето на имунитетот на коронавирусот е пресудно за разбирање на текот на пандемијата, а клиничките студии покажуваат дека имунитетот ќе биде долготраен.

Ваквата вест ја објави списанието „Nature“ кое го обелодени истражувањето за реакцијата на имунитетот откако ќе помине одреден период од заразата со коронавирусот.

Како што се наведува, научниците прво ги утврдиле т.н. столбови на одбрана на организмот од Ковид-19.

„Постои консензус дека двата главни столбови на антивирусниот одговор се имунолошките клетки наречени цитотоксични Т-клетки кои можат селективно да ги елиминираат заразените клетки и неутрализирачки антитела, вид на антитела кои го спречуваат вирусот да ги инфицира клетките т.н. плазма клетки. Третиот столб на ефикасен имунолошки одговор би бил генерирање на помошните Т-клетки кои се специфични за вирусот и ја координираат имунолошката реакција“, се наведува во истражувањето.

Како што истакнуваат, овие последни клетки се потребни за создавање на т.н. имунолошка меморија.


„Имунолошката меморија е посебен аспект на имунолошкиот систем. Во мемориската фаза на имунолошкиот одговор, Б (плазма клетките) и Т-клетките, специфични за вирусот се во состојба на мирување, но се спремни да започнат „акција“ ако повторно се сретнат со вирусот или вакцината“, пишува „Nature“.

Исто така се наведува дека Б-клетките имаат двојна улога во организмот.

„Б-клетките имаат двојна улога во имунитетот: произведуваат антитела кои можат да ги препознаат вирусните протеини или да се развијат во плазма клетки кои лачат големи количини на антитела. Мемориските плазма клетки можат да се одржуваат со децении, ако не и цел живот, во човечката коскена срж“.

Истражувачите го прифатија предизвикот за идентификување на плазма клетките кај лицата кои закрепнале од коронавирусот.

„Мемориските плазма клетки се ретки, а оние специфични за одреден патоген очигледно ќе бидат исклучително ретки. Сепак, Тарнер и неговите колеги детектирале мемориски плазма клетки кои лачеле антитела специфични за шилестиот протеин на Ковид-19 кај 15 од 19 лица, приближно 7 месеци по инфекцијата. Значајно е тоа што авторите зедоа примероци 4 месеци подоцна (11 месеци по инфекција со коронавирусот), а бројот на таквите плазма клетки остана стабилен кај сите анализирани поединци, освен кај едно лице. Овие плазма клетки не се размножувале, што ги класифицира како добронамерни мемориски клетки“, се наведува во студијата.

Кога истражувачите ја следеле концентрацијата на антитела против коронавирус во крвниот серум кај лица до една година, тие забележале двофазен образец на движење на антителата.


“Во акутниот имунолошки одговор за време на почетокот на инфекцијата, концентрацијата на антитела беше висока. Тие последователно се намалија, како што се очекуваше, бидејќи повеќето плазма клетки на акутниот имунолошки одговор се краткотрајни. По неколку месеци, концентрациите на антитела се израмнија и останаа повеќе или повеќе помалку константни на околу 10-20 отсто од максималната воочена концентрација. Тоа е во согласност со очекувањето дека 10-20 отсто од плазма клетките во акутниот имунолошки одговор ќе станат мемориски плазми“.

Исто така, вирусот САРС кој беше идентификуван во светот на почетокот на 21-ви век, и кој е сличен на сегашниот коронавирус, има висока концентрација на антитела кај луѓето и 17 години по појавата на вирусот (2003 година).

На крајот од написот, лекарите и истражувачите тврдат дека имунитетот може дополнително да се зајакне кај лицата кои се вакцинирале една година по прележување на вирусот.

„Истражувањето покажува дека имунитетот може дополнително да се зајакне кај закрепнатите лица со вакцинација по една година. Тоа резултира со создавање на повеќе плазма клетки, заедно со зголемување на нивото на антитела на Ковид-19. Некои од плазма клетките веројатно ќе бидат „регрутирани“ за да станат мемориски плазми, иако ова тоа треба допрва формално да се докаже“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг