Аукција на „Sotheby's“: На продажба изворниот код на целиот интернет

Супермен

21/06/2021

12:26

2.052

Големина на фонт

а а а

Почетната сума на понудата изнесува 1000 долари, но се очекува цената на крајот да биде многу, многу поголема...

Британскиот компјутерски научник, Тим Бернерс-Ли, го продава оригиналниот изворен код за својата најславна креација - „World Wide Web“, во форма на „NFT“. Според најавите, неговата работа која ќе биде дел од понудата на аукциската куќа „Sotheby's“ која ќе трае до крајот на овој месец, ќе има почетна цена од 1000 долари, но веќе сега може да се претпостави дека цената ќе биде далеку поголема.

Профитот од продажбата ќе биде дониран во хуманитарни цели, поточно на фондациите кои ги поддржува професорот на универзитетот МИТ и неговата сопруга, иако имињата на организациите засега се непознати. Фајловите со временски ознаки содржат 9.550 линии од оригиналниот програмски код кој Бернерс-Ли го напишал.


Кодот оттогаш служи во форма на основните структури на интернетот: „Hypertext Transfer Protocol“ (HTTP), „Hypertext Markup Language“ (HTML) и „Universal Document Identified“ (URI). Покрај фајловите, дел од понудата ќе биде и дигиталниот постер со „Python“ поддршка кој служи како визуализација на кодот и содржи дигитален потпис на својот изумител, како и рачно напишаното писмо на Бернерс-Ли во кое тој детално ја опишува својата креација од 1989 година, која настанала додека работел во истражувачката лабораторија „ЦЕРН“ во Швајцарија.

„Неговиот изум креираше сосема нов свет и воведе демократија во споделувањето на информациите“, вели Касандра Хатон, директор на отсекот за наука и популарна култура на аукциската куќа.


Иако кодот на Бернерс-Ли е отворен од 1993 година, точно 2 години откако заживеа првата веб-страница со поддршка од неговиот код, аукцијата претставува прилика да поседувате ултимативен, дигитално роден артефакт.

„Пред 3 децении креирав нешто што, со помош на голем број соработници ширум светот стана моќна алатка на човештвото“, изјавил креаторот. Научникот кој исто така е главен технолошки директор на бостонскиот стартап „Inrupt“ додал дека „NFT“ е идеален формат и најдобро средство за поседување кое постои.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk