Еден од најпаметните луѓе на светот и како момче бил голем визионер: Маск верувал дека овие 5 работи ќе го сменат светот – дел од нив веќе се остварија

Супермен

21/06/2021

15:12

3.296

Големина на фонт

а а а

Пред да стане познат претприемач и милијардер, Илон Маск било младо момче кое студирало физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија.

Во текот на студиите од 1992 до 1997 година тој сонувал за истражувања во вселената, електрични автомобили и други технолошки достигнувања кои човештвото го чекаат во иднина.

Во тоа време Маск верувал дека 5 работи ќе го променат светот во наредниот период.

1. Интернет

Маск уште во 1992 година верувал дека интернетот ќе го смени човештвото. Тој го споредил со нервен систем и го насочил вниманието на неговиот потенцијал во ширењето на човековото знаење поради тоа што тој на луѓето ќе им овозможи пристап на информации од значење.


2. Живот на други планети

Маск додека бил момче бил заљубен во научната фантастика. Него особено го импресионирале книжевни серијали на Исак Асиманов кој е од пресудно значење на неговата желба да се посвети на истражувања на вселената, па дури и да направи колонија на Марс.

3. Промена на човековата генетика

„Мислам дека промената на човековата генетика во иднина ќе стане нормална. Прво луѓето ќе сакаат да направат промена на гените кои го зголемуваат нивниот ризик од тешки болести, а потоа ќе сакаат да ги подобрат своите способности. Не велам дека тоа е добро или лошо, само тврдам дека големи се шансите дека тоа ќе се случи во наредните децении“, изјавил Маск.


4. Одржливи извори на енергија

Маск сметал дека за човештвото е клучно пронаоѓање на чисти и обновливи извори на енергија уште пред да се зборува за глобалното затоплување и човековото влијание на климата. Тој сфатил дека изворите на нафта и природен гас ќе бидат исцрпени, па потребно е навреме да се размислува за нови извори на енергија кои ќе ни помогнат и натаму да уживаме во убавините на нашата цивилизација.

5. Вештачка интелигенција

На конференцијата посветена на вештачката интелигенција во Шангај 2019, Маск изјавил дека компјутерите ќе нè надминат во секој поглед. Тој исто така изјавил дека вештачката интелигенција ќе биде одговорна за големата невработеност во иднина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk