Ријана позираше во долна облека, па издоминира на Инстаграм, а летото штотуку стана пожешко...

Супермен

21/06/2021

16:37

4.427

Големина на фонт

а а а

Ријана ги воодушеви своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со најновата сексапилна фотографија на која позира во прилог на својот моден бренд.

Пејачката ги остави своите фанови без зборови позирајќи во долна облека на снимањето на сетот за својот бренд на долна облека и шминка.

Облечена во долна облека во боја на јоргован, со деликатните тетоважи - Ријана изгледа како божица на сексапилот.

На долната облека има извезени цветчиња, а и проѕирна ткаенина кои ѝ дадоа навистина еден елегантен изглед на убавата пејачка.

Со плетенки до половината и чокер околу вратот, додала доза на сексапил на својот целокупен изглед, додека заводливо гледала во камерата.

Ријана под објавата напишала: „Ќе ги зачуваме тие 3 минути“.

Фановите воодушевени коментирале: „Совршена“, „Толку си прекрасна“, „Неверојатна убавина“, а останатите поставиле само емотикони со срце и оган под фотографијата.

Инаку, Инстаграм профилот на Ријана е преплавен со сензацуални фотографии поради тоа што Ријана најдобро го рекламира својот бренд на долна облека.

Погледнете дел од нив: 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk