Манекенката повторно критикувана поради својот стајлинг: „Премногу си разголена со оглед на тоа што неодамна стана мајка“

Точка

21/06/2021

18:07

6.461

Големина на фонт

а а а

„Совршено изгледаш“, „Премногу си разголена со оглед на тоа што неодамна стана мајка“, „Каков стомак, брутална си“, биле само дел од коментарите на фановите.

Манекенката Емили Ратајковски продолжува да се фали со своето затегнато тело само три месеци по породувањето, откако на свет го донесе синчето.


Имено, 30-годишната убавица овие денови била забележана како шета во едно дискутабилно модно издание по улиците на Њујорк, а тоа што го носела на себе било доволно за повторно да го привлече вниманието.

Имено, широките панталони таа ги искомбинирала со син топ кој личи на градник, а на средината бил закопчан само со едно копче.

Манекенката во текот на бременоста, како и претходно, позираше целосно гола поради што некои ја критикуваа, но таа како и секогаш не одговорила на критиките.


Инаку, менекенката од 2018 година е во среќен брак со актерот Себастијан, а нему не му пречат разголените фотографии, а често и тој позира покрај манекенката во разголени изданија.

Емили се прослави благодарение на музичкиот спот за синглот „Blurred Lines“ на Робин Тике од 2013 година, во кој се појави речиси целосно гола и оттогаш стана една од најбараните манекенки на светот, а во 2017 година започна и свој успешен бренд со име „Inamorata“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг