Не ги гледаме често заедно, но викендов во Белград вниманието било насочено кон Владо Георгиев и неговата 15 години помлада и преубава избраничка

Точка

21/06/2021

19:06

5.504

Големина на фонт

а а а

Познатиот кантавтор Владо Георгиев со години е заљубен во преубавата Милица со која има две ќерки.

Пејачот и композитор Владо Георгиев и Милица Самарџија од почеток ја чуваат својата врска далеку од очите на медиумите, па немаме често можност да ги видиме заедно на некој настан или пак заедно да позираат на социјалните мрежи.


Сепак, гордите родители на Софија и Елена викендов заедно, држејќи се за раце пристигнале на отворање на некој локал во Белград, а Милица ги воодушевила присутните со својата убавина.

Петнаесет години помладата избраничка на популарниот пејач изгледала волшебно во пролетен мини фустан со долги ракави кој го носела со црни сандали и чанта со синџирче.


Инаку, парот живее во складна вонбрачна заедница, а пред неколку години на 40-от роденден на Владо на своите пријатели им приредиле една шега - организирале лажна венчавка.

Имено, на забавата пристигнал и матичар, а кога тој го прашал парот дали сака да стапи во брак, тие едногласно кажале: „Не!“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг