Боцвана е дом на бројни величествени дијаманти, меѓу кои и некои од највпечатливите на целиот свет.
Вториот најголем дијамант од овој вид во светот пред некое време го купил конгломератот „LVMH“ во чија сопственост е и брендот „Louis Vuitton“.
Овојпат, ја откриваме веста за третиот најголем дијамант на светот, поточно компанијата „Debswanа“ го објавила откритието на овој скапоцен камен со тежина од 1.098 карати во Боцвана.
Како што дознаваме, каменот му бил претставен на претседателот Моквици Масиси минатата среда, од страна на извршниот директор на компанијата „Debswana“, Линет Армстронг.
„Врз основа на нашите прелиминарни анализи тоа може да биде третиот најголем дијамант со квалитет на скапоценост. Тоа ѝ дава надеж на нашата нација која се бори“, објаснил Армстронг.
Процената на вредноста на овој камен сè уште не е претставена, но во 2017 година, вториот најголем дијамант кој некогаш бил пронајден бил продаден по цена од 53 милиони долари.