Шеф Марк од „Брза Кујна“ - 'рипна во тавче': Погледнете како изгледаше венчавката на најпознатиот македонски готвач

Точка

21/06/2021

22:12

16.461

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните готвачи во Македонија, Марк Де Јонг и неговата избраничка, Василка Димовска, одлучија и официјално да стапат во брак.

Марк и Василка долго време беа во љубовна врска, а викендов ја крунисаа својата љубов и направија венчавка.

Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак ги 'зачинија' со бакнеж, кој предизвика громогласно ракоплескање од присутните. Самиот Марк во текот на веселбата според македонски обичаи се качи на тапаните играјќи ги македонските чочеци.


Инаку, Марк зад себе има еден брак од кој има возрасни син и ќерка, а фотографии и кусо видео од венчавката, на својот Инстаграм профил сподели токму неговиот син Микаел Де Јонг.





Спонзорирани линкови

Маркетинг