Владимир Путин во авторски текст: Се надевавме дека крајот на Студената војна е заедничка победа на цела Европа

Точка

22/06/2021

21:01

3.508

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска порачал дека Москва е отворена за искрена и конструктивна соработка со Брисел и повикал на обновување на сеопфатното партнерство на Русија и Европската унија.

Путин во авторскиот текст "Да бидеме отворени, и покрај минатото", која е објавен денеска, на 80-годишнината од нападот на Германија на СССР во Втората светска војна, во германскиот весник "Zeit" и на сајтот на Кремљ, нагласил дека Москва се залага за обновување на сеопфатно партнерство со ЕУ и дека има многу теми од заеднички интерес.

Рускиот претседател смета дека прашањата по безбедноста и стратешката стабилност, здравството и образованието, дигитализацијата, енергијата, културата, науката и технологијата, решавањето на климатските и еколошките прашања, се само некои од најважните работи на кои Брисел и Москва би можеле да работат.

"Тоа ја потврдува и нашата идеја за создавање на заеднички простор за соработка и безбедност од Атлантикот до Пацификот, која би вклучувала разни интеграциски формати, меѓу кои Европската унија и Евроазискиот сојуз", порачал Путин во текстот.


Тој рекол дека сеќавањето на хероите кои се бореле против нацизмот за рускиот народ е светост и со голема благодарност се чува споменот на сојузниците од антихитлеровската коалиција и учесниците во отпорот, германските антифашисти, кои ја овозможиле оваа победа, пренесува "Tanjug".

Путин спомнал и дека во текот на 1970-тата година меѓу СССР и Германија е направен "договорот на векот", за долгорочна испорака на руски природен гас во Европа, што претставувало основа за конструктивна меѓузавизност, и многу други грандиозни проекти, меѓу другото и изградбата на Северен тек.

"Се надевавме дека крајот на Студената војна ќе претставува заедничка победа за цела Европа. Изгледаше дека остана уште малку за да се реализира идејата на Шарл де Гол за заеднички континент, дури не само географски план од "Атлантикот до Урал", туку и на културолошки "од Лисабон до Владивосток"", порачал Путин.


Според рускиот претседател, сепак победил еден поинаков пристап чија основа е ширење на Северноатлантскиот сојуз на исток, кој и самиот е реликвија од Студената војна, бидејќи е формиран за потребите за скротување на Русија.

Путин потсетил дека многу земји се ставени пред вештачки избор или ултиматум да бидат со колективниот запад или со Русија, а дека на примерот со украинската трагедија во 2014-та година се гледа до какви последици носи таквата политика.

Путин навел дека САД организирале преврат, а европските држави безволно го поддржале, предизвикувајќи раскол во самата Украина и повлекување на Крим од нејзиниот состав.


Путин навел и дека како последица на тоа целиот систем на европска безбедност сериозно деградирал.

Додека тензиите растат, ризиците од нови трки за вооружување стануваат реални, а се пропуштаат огромни можности кои ги нуди соработката, посебно што таа е многу важно кога сите сме соочени со заеднички предизвици, пандемијата и нејзините последици, нагласил Путин.

На крајот од својот текст Путин заклучил дека заедничка и неспорна цел на Москва и Брисел е да обезбедат континентална безбедност без поделби, заеднички простор заснован на рамноправна соработка со цел развој на Европа и целиот свет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг