Совети од њујоршката икона: 4 инспиративни стајлинзи на Оливија Палермо за секоја прилика

Точка

22/06/2021

14:02

2.832

Големина на фонт

а а а

Позната по својот талент да ги комбинира уникатните луксузни парчиња со класичните кои секоја жена ги има во ормарот, Оливија Палермо веќе со години е една од најдобро стилизираните дами во полето на модата.

Оваа девојка која е позната по соработките со познатите модни списанија и куќите на висока мода, поседува Инстаграм профил кој е вистинска оаза на инспирација, а ние денеска издвојуваме 4 стајлинзи кои лесно се копираат и носат во разни прилики.

За на плажа

Оливија нѝ покажува како можеме да додадеме стил и префинетост во изгледот на плажа. Тајната е едноставна: класичен црн костим за капење кој одговара на сите типови на тело, елегантна плетена чанта – една од најбараните за оваа сезона и кафтан здолниште кое може да се носи и на плажа и на ручек во некој ресторан во близина на брегот.

За прошетка низ град

Стајлинзите за извршување на дневните обврски во текот на летните месеци треба да бидат лесни и удобни, а белата кошула-фустан е идеален избор за тоа. Ова едноставно парче изгледа одлично во комбинација со модерна чанта, но и свилена марама која на соодветен начин ќе ја замени заштитната маска.

За на работа

Можеби вашата работа подразбира поформални модни парчиња, но тие можат да добијат доза на елеганција и женственост со правилно комбинирање. За модерен изглед во канцеларија во текот на летото изберете облека во префинета беж нијанса во комбинација со златни модни додатоци кои совршено ќе го истакнат вашиот бронзен тен.

За вечерни излегувања

Вечерните излегувања се вратија во нашите животи и се радуваме на повторното носење на нашите елегантни парчиња облека. Макси црниот фустан секогаш остава одличен впечаток, додека комбинацијата со класични нежни сандали и светкава клач чанта ќе направи да заблескате ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг