Му се заканува доживотна казна: Грчкиот пилот кој ја убил сопругата пред нивната ќерка дошол на суд со панцир и со големо полициско обезбедување

Точка

22/06/2021

21:08

8.749

Големина на фонт

а а а

Грчкиот пилот Бабис Анагностопулос ќе се појави денеска пред судот во Атина, поради обвинение за убиство на својата сопруга кое го признал, откако повеќе од еден месец тврдел дека неговата сопруга починала при брутален грабеж во домот.

Пилотот на хеликоптер и инструктор Анагностопулос денеска пристигнал во атинскиот суд со панцир и под силно обезбедување, пренесува "AP".

Тој е обвинет за убиство на сопругата Каролин Крауч, британска државјанка која починала од гушење на 11-ти мај во домот на периферијата на Атина, каде што парот живеел.

Анагностопулос во текот на истрагата на полицијата и кажал дека во домот им влегле крадци кои го онеспособиле, а Каролина ја убиле, додека нивната едногодишна ќерка спиела, а додал и дека им го убиле кучето пред да побегнат со украдените пари

Меѓутоа, било утврдено дека токму тој со перница ја загушил сопругата, бидејќи му кажала дека ќе го остави, а тој ја измислил приказната за грабежот. Отишол толку далеку што го убил и семејното куче за приказната да му биде поуверлива.


Анагностопулос на полицијата и кажал дека ноќта на убиството се расправал со Каролина и дека во еден момент му кажала дека ја напушта куќата.

Полициските службеници рекле дека анализата на податоците од паметниот часовник кој го носела жената помогнал во откривањето на недоследностите во приказната на пилотот за настаните таа вечер.

Анагностопулос е обвинет за тешко кривично дело убиство и злоставување на животно, како и за ладно сведочење и поднесување на лажни полициски пријави за грабеж. Ако биде осуден по сите точки, ќе се соочи со доживотна казна затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг